Мицкоски и Николоски со интензивна агенда на средби со Јанша, Вучиќ и Пленковиќ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски од вчера па до среда ќе остварат средби со повеќе лидери и влијателни функционери во регионов на кои ќе ги претстават визиите на новото партиско раководство за идната соработка во југоисточна Европа и улогата на Република Македонија.

Предвидени се средби со Претседателот на партијата СДС и поранешен премиер на Словенија Јанез Јанша, претседателот на ХДЗ и премиер на Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС и Претседател на Србија Александар Вучиќ.

Во текот на денот Мицкоски ќе разговара со Пленковиќ, а во среда е предвиден состанок со претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ.

На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка, соработката меѓу партиите. Со ова ВМРО ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот.

Целта на состаноците е да се споделат и информации околу застојот во демократските и економските процеси во Македонија во моментов и да се разменат идеи како истите може да бидат надминати.

На оваа балканска турнеја претходеа интензивни политички средби на Претседателот Мицкоски во Вашингтон САД, претходно на официјален Брисел и посета на Будимпешта Унгарија.

 

 

 

12.02.2018 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа