Донев: Не се согласувам со одлуката на Владата за разрешување, но ќе ја почитувам
Разрешениот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев со огласи на социјалната мрежа „Фесјбук“.
- Сметам дека сега не е ниту време ниту место да зборам за што се случуваше овие неколку месеци, процесите кои ги започнав, а немав време да ги реализирам и борбата што ја имав за да ја доведам во ред агенцијата и колку тоа е можно со ваква институционална поставеност и во ваков политички конктекст. Ќе го направам тоа во иднина – ветувам“, напиша Донев на Фејсбук и апелираше да не се верува во се што ќе се прочита.
Донев не се сложува со одлуката за неговото разрешување, но ќе ја почитувал одлуката на Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа