СДСМ: Локалната власт во Кисела Вода предводена од СДСМ преку одговорно работење ги решава проблемите

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една деценија ја имаше власта во општина Кисела Вода и Град Скопје и доколку сакаше, досега имаше можност да обезбеди нова училишна зграда за средното земјоделско училиште и нова спортска сала за училиштето „Рајко Жинзифов“.

Но наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на лажен барок, споменици и криминални тендери за сопствено богатење.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, локалната власт во Кисела Вода предводена од СДСМ преку одговорно, домаќинско и транспарентно работење, ги решава напластените проблеми создадени од ВМРО-ДПМНЕ и спроведува низа на проекти преку кои се унапредува квалитетот на живот на сите граѓани.

Во првите месеци од мандатот новата локална власт предводена од СДСМ започна со стабилизирање на општината, решени се околу 3000 предмети за легализација, исчистени се депониите, а општината е отворена за граѓаните.

СДСМ, како на локално, така и на централно ниво продолжува со посветено и одговорно спроведување на мерките што обезбедуваат инвестиции, развој и квалитетен живот за сите граѓани, се наведува во реакцијата на СДСМ..

 

 

 

13.02.2018 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега