Во сообраќајката кај Гиновци две лица повредени- полицијата сеуште врши увид

Две лица се повредени во сообраќајката што се случи вечерва во 18 часот и 20 минути на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка пред селото Гиновце.

Повредените се наоѓале во тракторот и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Здравствениот дом во Крива Паланка од каде информираат дека се уште им се укажува медицинска помош.  

Сообраќајката се случи при судир меѓу моторно возило БМВ со кумановски таблички и трактор.

Сообраќајот се уште во прекин, а увидот се врши од страна на полициски екипи

 

 

 

13.02.2018 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега