Празнуваме Св. Трифун - што ќе се случи ако на денешен ден врне дожд
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 февруари.
Денеска е Св. маченик Трифун.
Се родил околу 225 година во селото Комсада, во римската малоазиска провинција Фригија. Родителите му биле христијани, а така и го воспитале, така што уште од мал имал голема љубов кон Бога. Кога во 249 година на римскиот престол дошол Декиј Трајан, за христијаните почнал еден од најлутите прогони во последните три века. Славата за доблесниот живот и чудата што ги правел свети Трифун дошла и до тогашниот управник на источните римски земји Аквилијан. Тој под стража го довел свети Трифун во Никеја, седиштето на источната власт. Изведен пред суд, свети Трифун не се откажал од Христа и по долго измачување пострадал маченички.
Ако на Свети Трифун врне дожд, луѓето веруваат дека годината ќе биде родна, а најдобро ќе родат сливите. А, ако биде ведро, годината ќе биде сушна и неродна. На овој ден оние кои имаат лозје одат на својот виноград да исечат барем една гранка од виновата лоза и да го полеат виноградот со вино, за грозјето добро да роди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа