Планинарската федерација формира комисија за испитување на трагедијата на Кајмакчалан
Планинарската федерација формира комисија која ќе го испитува инцидентот кој се случи на Кајмакчалан, кога загинаа двајца македонски планинари.
Комисијата ќе биде составена од планинари, професионални водичи и од стручњаци.
Ќе бидат анализирани сите релевантни податоци од надлежните институции од Македонија и од Грција, како и податоците од организаторот на експедицијата.
За трагичниот настан родителите на загинатите планианри бараат утврдување на пропустите и кривично гонење.
14.02.2018 - 17:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа