Сител тема: Неверојатна приказна или лажна вест - за Дарко од Струмица пишуваат и странските медиуми
Неверојатна приказна која го обиколи светот, но заврши на ѓубриштето преполно со лажни вести и тоа не од било каде туку од земјата на лажните вести - Македонија.
Деновиве по македонските медиуми, па и во странските се пишуваше за тенисерот Дарко Грнчаров кој три дена пред клучниот меч во анталија доживеал мозочен удар поради напорните тренинзи и паднал во кома.
Дарко Грнчаров е момче по потекло од Струмица на кое тенисот му најголемата љубов. Преку неговата животна приказна успеал да стигне до внмиманието на медиумите, но послабо му одело на тениските терени.
Приказната за Грнчаров изминатиот месец ја истражувал и Бен Ротенберг, новинар од САД чија што специјалност е тенисот. Бен работри за повеќе медиуми, а соработува и со престижниот Њујорк Тајмс.
Ротенберг не е единственмиот кој се заинтересирал за Грнчаров, младиот струмичанец преку своите атрактивнио ставови стигнал и до ББЦ.
Дарко постои, ни потврдија негфовите роднини кои се дел од позната спортска фамилија. Но, Дарко веќе не одговара на барањата за контакт со медиумите. Исчезна од социјалните мрежи откако му одговори на Ротенберг тврдејки дека оние кои го познаваат знаат низ какопв пекол поминал.
Дарко Грнчаров не е регистриран во македонската тениска федерација, но се регистрирал на ИТФ листата каде единствена негова активност е турнирот во Египет од април минатата година, за кој добил вајлдкарт но не се појавил на теренот.
- Како 20 годишно момче од земјата на лажни вести ги измами Мартина Навратилова, Серена Вилиамс и ББЦ, сериозно го става во прашање кредибилитетот на медиумите од Македонија. Оваа приказна е добра лекција за сите
Пред медиумите стои сериозен предизвик да се врати углкедот на медиумите.
Дарко Грнчаров со сигурност ќе остане запаметен по неговата неверојатна желба да го добие медиумското вцнимание, и да стигне до терените на кои играле светските тениски ѕвезди. Медиумите во Македонија пак ќе треба да покажат дека не секоја вест напишана на компјутер во Македонија е лажна вест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа