Николоски: ВМРО-ДПМНЕ и понатаму не е соодветно информирана за преговорите со името

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва беше гостин во емисијата „Ноќно студио“ на Телма телевизија.

Тој истакна дека одговорноста за поплавите во Државниот архив треба да се бараат во изведувачот, бидејќи очигледно нешто не се работело добро.

Околу политичката одговорност, кажа дека не може да се има околу изведувачот, таа одговорност се однесува на тоа дали некој нешто изградил или не.

„ДПМНЕ сакаше да испрати една симболична порака со партиската турнеја почнувајќи од Брисел како седиште на ЕУ и НАТО, потоа, нашиот стратешки партнер САД, како и регионалните сестрински партии во Словенија, Хрватска, Србија“ - рече Николоски.

„Ние не отидовме да се жалиме, или да изразуваме критики, туку и да понудиме нашите гледишта и решенија“, додаде Николоски. „Но, моравме и да изразиме загриженост за политичкиот прогон, како и за слабоста на економијата“.

„Ги кажавме и нашите позиции околу Законот за јазици. Сите знаат дека законот има свои недостатоци, и затоа и се нашите амандмани, за да го ставиме во рамките на Уставот, затоа што сега не е. Затоа моравме вака да реагираме, и сметаме дека тоа што го правиме е за да спречиме идни поделби“ - рече тој.

Николоски повтори дека ВМРО – ДПМНЕ и понатаму не е соодветно информирана за преговорите околу името. Тој посочи дека, гледано од страна очигледно нешто не оди најдобро, затоа што македонските власти трчаат позади изјавите на грчките колеги.

„Заев на странците им го кажува тоа што сакаат да чујат, и во исто време тоа што се случува во Грција е симптоматично. Не смее да се има договор кој што ќе ги загразо нашите национални интереси. Ние сме против менување на Уставот, и сме секое решение да подложи на референдум“.

Тој истакна дека сепак нема дилеми околу решителноста на САД и ЕУ, Македонија да стане дел од НАТО алијансата. „Ние ќе сме насјреќни ако и е добро на Макеоднија, ние ги замоливме и двајца лидери од ЕУ, да помогнат во нашите евроинтеграциски процеси“ - заклучи Николоски.

 

 

 

14.02.2018 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа