Минисни температури низ цела Македонија - студот „сече", каде е најстудено

 

 

Во поголем дел од државата утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Лазарополе со -7 степени, а најтопло во Дојран каде утринската температура е три степени.

Во Маврово се измерени -6 степени, во Крушево и Берово -5, во Крива Паланка -4, во Ѓуриште и Пожаране -3, во Тополчани и Претор -2 и во Виница и Струмица -1 степен.

Нула степени се измерени во Демир Капија, Дебар, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и Битола, а над нулата температурата утринава е во Гевгелија и Скопје каде се измерени 2 степена.

Утринава во западните планински делови се уште има врнежи од снег, а во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Во југозападните делови ќе има повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено претпладне, а попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до шест степени. За време на викендот ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела. 

 

 

 

15.02.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега