Трагедија во Скопје: Го нашле пред Олимписки базен, починал во болница

Во текот на вчерашниот ден во 11 часот и 40 минути во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, со екипа на Итна медицинска помош, бил донесен 66-годишниот В.А. од Кавадарци.

Полицијата информира дека тој бил пронајден во безсознание во близина на олимпискиот базен во Скопје. По неуспешните обиди за реанимација, во 12 часот и 30 минути од страна на лекар била констатирана смрт.

Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.  

 

 

 

15.02.2018 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега