Детали: Ја убил сопругата па скокнал од покрив - и ќерката се бори за живот

Во Полициската станица Кочани утринава во 3 часот и 10 минути се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на улицата „9-ти Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале 54-годишниот Б.А. кој кога тие дошле скокнал од покривот и починал. Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати 44-годишната Л.А. сопруга на Б.А. и неговата ќерка, 22-годишната И.T. стои во известувањето од полицијата.

Од МВР информираат дека тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала, а И.T. се уште се наоѓа во неконтактибилна состојба.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

15.02.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега