Делчево: Ја омаловажувал и навредувал сопругата, а потоа и ја претепал

Четириесет и седумгодишниот Љ.М. од населба „Звегорска река“ во Делчево вчера во сопствената куќа вербално ја омаловажувал и навредувал неговата невенчана сопруга, 37-годишната Д.И. , по што и физички ја нападнал, нанесувајќи и повреди по телото.

МВР информира дека на жената и била укажана лекарска помош во Итната медицинска помош, а Љ.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Делчево.

 

 

 

15.02.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега