Кочанчанецот ја бодел сопругата со нож па ја докрајчил со чекан - се гледал малолетниот син

Околу 3 часот и 30 минути, по семејна расправија, Б.Л. од Кочани неколкупати со нож ја прободел својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти, па скокнал од покривот.

Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 26 годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи.

Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција.Полицијата информира дека таа е во кома и се бори за живот.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

15.02.2018 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега