Прегазено седумгодишно детенце во Сарај

 

Седумгодишно дете е тешко повредено откако во него удрил автомобил синоќа околу 18 часот на улицата „20“ во село Сарај.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во детето удрило патничко моторно возило „Сеат Ибица" со скопски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.Т. од Скопје.

По незгодата, детето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза", каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржано на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје

 

 

 

15.02.2018 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега