Кучиња нападнаа скопјанки во Центар и Ѓорче

Три случаи со напади и каснувања од кучиња скитници што се случиле вчера во општините Центар и Ѓорче Петров во Скопје се пријавени во полиција.

Четирисет и осумгодишна скопјанка (В.Б) била нападната од повеќе кучиња скитници од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога, додека се движела по ул. „Орце Николов“ во општина Центар. На В.Б. и е укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во други два одделни случаи на улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров, се нападнати скопјанките Т. Ј (55), која била касната за левата нога и Д.Н.П (34) касната за десната нога, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

 

 

 

15.02.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега