Тетово: Мајка и татко ја претепаа ќерката зошто не им ја дала платата

Околу 22 часот синоќа 24-годишната С.Џ. од Тетово пријавила дека нејзините родители извршиле семејно насилство врз неа.

Полицијата информира дека во нејзината соба влегла мајка и и побарала да и ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка и почнала да ја влече за коса, а татко и неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото, нанесувајќи и видливи повреди.

Родителите М.Џ.(44) и М.Џ.(41) биле повикани во Полициската станица Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

15.02.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега