Потпретседател на црковен одбор парите од верниците ги ставал на своја сметка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишниот Г.П. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.

Тој го сторил делото во периодот од мај 2015 година до јуни 2017 година, во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани. Парите кои му биле доверени од донации на верници, од сеча на шумски дрвја и по други основи што требало наменски да ги троши за потребите на црквата, противправно ги присвоил и ги ставал на три сопствени жиро сметки, една денарска и две девизни. 

На 21.07.2017 година, кога му престанале обврските како потпретседател, парите кои преостанале како салдо на сметките за кои немал покритие во износ од 1.133.512 денари одбил да ги предаде на црковниот одбор.          

 

 

 

15.02.2018 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега