Гостиварчанка момчето ја претепало пред влез

Пред зграда во Гостивар вчера околу 18 часот и 30 минути, 38-годишна девојка била физички нападната од нејзиното 23-годишно момче.

Како што информира МВР, вчера 38-годишната А.Е., која времено престојувала во Гостивар, пријавила дека 23-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал околу 18:30 часот, додека била пред влезот на станбената зграда.

Момчето ја соборило на земја и повеќе пати ја удрил со тупаници по главата и телото. Таа била пренесена во гостиварската болница каде и била укажана лекарска помош. Момчето претходно истиот ден, во неколку наврати било во станот, во кој девојката живеела под кирија.

По настанот Ј.Х. бил повикан во Полициската станица Гостивар. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

15.02.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега