Детали за пожарот кој попладнево избувна на Зелениот пазар во Скопје (фото)

Опожарени три тезги на Зелениот пазар во Скопје, една целосно изгорена, а кај две е опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила.

Засега не се познати причините на пожарот. 

 

 

 

15.02.2018 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега