Изгаснат пожарот на Зелен пазар во Скопје (фото)

Изгаснат е пожарот на Зелен пазар во Скопје, потврдуваат од противпожарна бригада на Град Скопје за МИА. Биле опожарени три тезги, од кои една целосно изгорена, а на другите две им е опожарена кровната конструкција.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески вели дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила.

Најверојатно, запалена тезга за продажба на гуми за возила и велосипеди е причината за пожарот кој попладнево избувна на Зелениот пазар во Скопје.

Како што дознава порталот Република, продавачот на тезгата го заклучил објектот и тргнал да си оди по што избувнал пожарот кој се проширил и ги зафатил околните тезги.

 

 

 

 

15.02.2018 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега