Девојката по крвавата трагедија ќе остане во кочанската болница под надзор на психијатар

Дваесет и двегодишната девојка од Кочани, која беше сведок на трагедијата во која беше убиена нејзината мајка, ќе биде задржана во кочанската болница под надзор на психијатар, со оглед на стресот и траумата која ја има доживеано, потврдила за „Фокус“, доктор Борка Панова, директорка на болницата.

– После страшната семејна трагедија што се случи, девојката е кај нас во болницата и е во стабилна состојба. Има некои расекотини по телото. Сепак, после се што и се случи, таа е под стрес и мора да остане тука и одредено време да биде под надзор на психијатар. Таква семејна трагедија во 21 век е страшно и жално, истакна доктор Панова.

Од МВР и од обвинителството утринава информираа дека во 3.30 часот по полноќ се случила голема семејна трагедија, кога кочанец најпрвин ја убил својата сопруга, а потоа се самоубил. Она што семејната трагедија ја прави уште по страорна е што крвавиот чин се случил пред очите на двете нивни деца.

– Утринава во 3.30 часот, по семејна расправија, сега починатиот Б.А. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.А. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22- годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи. Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција, велат од обвинителството.

Во моментот кога стигнале полицајците, мажот веќе бил качен на покривот и скокнал.

-Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се Наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата на починатите, информираат од обвинителството.

 

 

 

15.02.2018 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега