Aли Ахмети се сретна со Сузан Фалатко од Стејт департментот

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на работна средба ја пречека Сузан Фалатко, в.д. директорката на канцеларијата за Југоцентрална Европа при Стејт департментот на САД.

Од ДУИ информираат дека соговорниците разговарале за политичките активности во регионот, како и за стратешките определби за иднината на регионот кои се ЕУ и НАТО.

„Страните се согласија дека стратешки интерес на Македонија е интеграцијата во Европската Унија и членството во НАТО. Две основни вредности кои ќе обезбедат економски развој, безбедност и стабилност. Претседателот на ДУИ ѝ се заблагодари на Фалатко за безрезервната поддршка што Стејт департментот ја дава на Македонија, и ја увери дека Демократската унија за интеграција и понатаму ќе биде главен промотор на западните, евро-атлантските вредности, како и фактор на стабилност и напредокот во земјата“, соопшти ДУИ

 

 

 

 

15.02.2018 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега