Ново рочиште за случајот „Тенк“ денеска во Кривичен

 Во Кричниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

За набавката на мерцедесот јавноста дозна од прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата.

Апелациониот суд Скопје, на 8 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“. 

 

 

 

16.02.2018 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега