Гостивар: Направил лажен профил на Фејсбук со нејзини фотографии, па постирал недолични содржини

Во полициската станица во Гостивар, 40-годишната Л.Л. вчера пријавила дека непознат сторител ги злоупотребил нејзините лични податоци на тој начин што креирал лажен профил на социјална мрежа. На лажниот профил била поставена фотографија од нејзината сестра, а биле преземани и објавувани повеќе фотографии од нивното семејство, како и фотографии со недолични содржини.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

16.02.2018 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега