Двајца пешаци прегазени во скопско Инџиково и Маџари, 15- годишно девојче заврши во болница

 
Во текот на вчерашниот ден, две сообраќајќи во скопско Маџари и Синѓелиќ, во кои настрадале 73- годишен маж и 15- годишно девојче кое се здобило со тешки повреди, беше префрлено во болница.
 
Вчера наутро околу околу 09 часот и 20 минути, на улица „2“ во село Инџиково- скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопки регистарски ознаки, управувано од 35- годишниот  Р.А од Сингелиќ-скопско, удрило во пешакот 73- годишниот С.Б. (73) Инџиково.
 
Од ударот, С.Б. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.  Истиот ден но малку подоцна во 15 часот и 20 минути, на крстосницата од улиците „Маџари“ и .„Финска“ во Скопје, патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41- годишниот  С.Н од село Сингелиќ-скопско, удрило во пешак, 15-годишно девојче од Скопје.
 
 
По ударот, девојчето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди.
 
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на двата случаеви.
 

 

 

16.02.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега