Пожарникар од Охрид им се заканувал на колегите дека ќе ги убие, па ги нападнал

 
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 38- годишниот Ј.К од село Велгошти-охридско поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела “загрозување на сигурноста” и “насилство”.
 
На 11.02.2018 година во Територијалната противпожарна едница Охрид пријавениот, кој бил на работно место пожарникар, упатил сериозни закани по животот на неговите колеги 49- годишниот Д.Г и 45- годишниот Н.Љ, а на 13.02.2018 година Ј.К. кога не бил на должност дошол во просториите на Територијалната противпожарна едница и упатил закани по животот на 61-годишниот П.С, 48-годишниот М.Г и 49- годишниот  Д.Г и физички го нападнал Д.Г. по што бил спречен од вработените.
 
Од страна на полициски службеници биле преземени мерки и пријавениот бил лишен  од слобода, а при извршен преглед кај него бил пронајден нож.

 

 

 

 

16.02.2018 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега