Кучиња во Скопје повторно нападаа уште две лица, 20-годишна девојка заврши на Клиника

Уште две лица од Скопје пријавиле каснување од кучиња скитници, од кои едната, 20-годишн девојка завршила на Клиника.
 Вчера во 18 часот и 30 минути, 61- годишната М.П од Скопје пријавила дека на 14.02.2018 година околу 07 часот наутро, на улица  „Благоја Стефковски“ во Скопје била нападната и касната за двете нозе од две кучиња-скитници.
Истиот ден малку порано во 17 часот и 45 минути, 20 -годишна М.З  од Скопје пријавила дека на 29.01.2018 година околу 09,00 часот, додека се движела на булевар  „3-та Македонска  Бригада“, била нападната од куче-скитник кое ја каснало за десната нога.
По настанот М.З. отишла на лекарски преглед во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, од каде била препратена на Инфективната клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“. 
 

 

 

16.02.2018 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега