Груевски: Заев е штедлив со Мерцедесот, но други „се утепаа" од возење

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска по рочиштето за „Тенк", се осврна повторно на односот на судот кон него и кон Заев, кој според него е тотално различен и кажа дека иако Заев го продава Мерцедесот, според него не е толку штедлив.

- „Тоа е пародија бидејќи секоја држава има најмалку десет вакви возила, а Македонија само едно, кое штити од мини, од стрелање од снајпер и итн. Сега Заев решил да го продава и тоа по многу пониска цена покажувајќи се како многу штедлив. Тој исто така, не сака да се вози во ова возило, иако многу други се утепаа од возење. Нема странска делегација која по смена на власта дошла во Македонија, а да не се возела со мерцедесот – рече Груевски, пренесе Фокус.

 

 

 

16.02.2018 - 16:49
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега