Заев: Во март-април ќе паднат цените на роамингот меѓу Македонија и Бугарија

По средбата со шефот на бугарската држава, Румен Радев, денеска премиерот Зоран Заев истакна дека Договорот за добрососедство веќе дава убави и позитивни резултати.

- Потпишани се многу договори. Очекуваме во март-април да паднат цените во роамингот помеѓу двете земји. Ги користиме лабораториите на Бугарија, споделуваме искуства и во министерствата за одбрана со свои обуки и центри кои што ги даваат на нашата армија и на полицијата. Но, она што е најзначајно е што обемот на трговијата веќе е зголемен за десет до 12 проценти. Имаме заеднички музички групи, заеднички театарски претстави, оцени премиерот Зоран Заев.

 

 

 

16.02.2018 - 17:31
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега