Хан и Могерини оптимисти за решение на името, реални за старт на преговорите

Македонија не е загрижена од недостатокот на заеднички став во рамките на ЕУ. Димитров денеска втор ден беше на Министерскиот состанок, а министерот Димитров истакна дека Македонија е дел од ЕУ и дека ќе направи се да го фати отворениот прозорец.

Билатерална средба помеѓу двајцата министери за надворешни работи не се случила меѓу Димитров и Коѕијас. На прашањето на Сител дали може да се очекува таква средба, Димитров вели веројатно нема да се случи, бидејќи често се гледале во последниот период.

Захариева смета дека со Јуни Македонија може да добие и датум за старт на преговорите.

Хан вели дека е сигурен дека до крајот на бугарското претседателство може да се реши спорот, а Могерини е подготвена да помогне и го поздрави напредокот.

 

 

 

16.02.2018 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега