Коѕијас бара уставни измени и географска одредница

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, претпочита име за земјава, што нема да има ништо заедничко со грчка Македонија и нема да предизвикува забуни. Во интервју за грчката телевизија „Алфа“, Коѕијас вели дека и покрај тоа што македонската влада смета дека нема потреба да се менува уставот, ниту пак има мнозинство за тоа, сепак грчката позиција е уставни промени за да не се остави простор за спорови во иднина, јавува Сител.

- ,,Тие што сакаат уставот да се смени сега и тука, знаат дека тоа нема да се случи. И тоа се тие што не сакаат договор. Но, сакам да појаснам дека несогласувањето со северниот сосед ќе значи продолжување на проблемот. Тоа ќе значи дека во регионот ќе имаме постојан извор на нестабилност, поради што Турција ќе се обидува да интервенира. Заев беше во Турција, како што знаете, војската на северниот сосед е обучувана од Турција. Сметам дека е добро да ги развиеме нашите односи, за тие работи да се одвиваат во добра соработка‘‘, вели Коѕијас.

Вели дека ставовите на раководството на ФИРОМ и неговите се разликуваат:  - ,,Или Горна Македонија, или Северна Македонија или Вардарска Македонија или Македонија – Вардар. Има дебата. Името да биде на латиница, да биде на англиски, од каде ќе се преведува на сите јазици. Тоа е она што мислам дека Скопје би го сакало. Мојата желба е малку покомплексна. Би сакал да биде тоа име кое ќе кажува дека тоа е една друга Македонија, географски ентитет, а не историско наследство на грчка Македонија‘‘, вели шефот на грчката дипломатија.

Коѕијас се надева дека месецов ќе дојде во Скопје, со предлогот како прв грчки висок функционер што ќе слета на скопскиот аеродром, кој како гест на добра волја се преименува во Меѓународен аеродром Скопје.

 

 

 

16.02.2018 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега