Полицијата изврши претрес на возило во Тетово - три лица приведени

Униформирани полициски службеници  од Полициска станица Тетово, вчера околу 21:30 часот на улица „Илинденска“ запреле патничко моторно возило „БМВ“  со тетовски регистарски таблички управувано од 37-годишниот Ш.И. од село Желино. Во возилото како сопатници биле 24-годишната Е.Б. и 26-годишната А.Б., двете од Р.Албанија.

При извршен преглед на возилото била пронајдена една зипер кеса со марихуана, по што сите лица се приведени во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

 

 

 

17.02.2018 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега