Уште две лица искасани од куче во Скопје

 

Уште двајца граѓани на Скопје пријавиле каснување од куче скитник во текот на вчерашниот ден, соопшија од МВР.

Вчера 42-годишната А.Р од Скопје пријавила дека во 15 часот и 30 минути на улица "Лука Геров"  нејзината мајка 70- годишната  В.Р била касната од куче во пределот на десната подколеница.

Истииот ден во 20.00 часот 58- годишниот Р.В од Скопје, пријавил дека на 15.02.2018 година околу 16.00 часот додека со моторцикл се движел на булевар "12-та Македонска Бригада"  бил нападнат од куче скитник кое го каснало  под коленото на десната нога.

 

 

 

17.02.2018 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега