Страшна сообраќајка утрово во Македонија - две лица загинаа на лице место

Денеска околу 10:55 часот на патот од Македонски Брод кон Прилеп, во близина на село Ропотово се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило “Лада самара“ со битолски регистарски таблички, управувано од 46-годишниот М.В., патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од 69-годишниот М.М. од село Лажани и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.Д. од Куманово. Во несреќата на самото место починале 66-годишната З.В., сопатничка во возилото „Лада самара“, како и возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М. Исто така во несреќата со повреди се здобиле и возачот на „Лада“-та М.В. како и сопатничката во истото возило 44-годишната Л.В. кои што се пренесени во Општата болница Прилеп. Увидот е во тек а сообраќајот на таа делница е во прекин.

 

 

 

17.02.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега