Еди Рама раскажува за острата дебата со Никола Груевски

Албанскиот премиер Еди Рама, во емисија на телевизијата Клан Косова раскажуваше дека имал судир со поранешниот македонски премиер Никола Груевски за проблемот на Албанците во Македонија.

Рама рече дека Албанија го воведе Охридскиот договор во агендата на Македонија за членство во НАТО.

-Ние имаме надворешна политика базирана на принципот; нула проблеми со соседите. Со Грција се чинеше дека нема проблеми, но всушност проблемите беа таму. Исто така и со Македонија проблемот беше таму, слонот стоеше во собата, иако други не сакаа да го видат тоа, прекршувањето на условите за еднаквост меѓу Македонците и Албанците беше евидентно, рече Рама за Клан Косова.

“Почнавме да зборуваме отворено лице во лице, но и во јавноста за потребата да во агендата на Македонија да се воведе и Охридскиот договор. Охридскиот договор го внесовме во Велшкиот документ за НАТО, за кој имав многу силна дебата со поранешниот македонски премиер, бидејќи за него тоа беше внатрешно прашање во Македонија “.

Рама го пофали новиот македонски премиер Зоран Заев, за кого рече дека има позитивен став кон Албанците.

-Денес во Македонија имаме влада со европска визија и позитивен пристап кон Албанците во Македонија. Во Македонија повеќе не се игра со знамињата на национализмот, туку со развојна агенда и внатрешна интеграција која се базира врз основа на способноста за водење на држава, вели Рама.

Тој додава дека радикализмот и национализмот се резултат на лицемерниот третман на македонските Албанци, слабеење на албанската политика во Македонија, која во еден момент достигна да се удри во ѕидот.

-Не беше случајно што македонскиот премиер доби голем број гласови од Албанците, бидејќи го тој го отвори патот. Сега, албанското раководство во Македонија треба да гледа подалеку од администрацијата на дневната политика, истакнува Рама.

“Убеден сум дека тоа ќе се случи и на тој начин ќе ги деактивира фундаменталистичките или националистичките групи кои се прошируваат со гнев и на теренот на неможноста за остварување на еднакви права и слобода со другите”.

 

 

 

17.02.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега