Министерот Филипче најави надградба на „Мој термин“

Министерот за здравство д-р Венко Филипче деновиве беше во работна посета на општина Струга, каде оствари средби со градоначалникот Рамиз Мерко и со раководството на Општата болница.

Целта на посетата, како што рече, е лично да се запознае со условите за работа во Општата болница во градот, проблемите со кои се соочуваат вработените, можностите за подобрување на медицинските услуги за пациентите и квалитетот на здравственита заштита, потенцијална реорганизација на болницата во насока на нејзина регионализација, како и потребите од нови кадри и дообукација на постојните.

Што се однесува на проектот „Мој термин“, министерот за здравство истакна дека интенција на ресорното Министерство е истиот да се надградува, односно тоа да не биде само форма на просто упатување на пациентите, туку создавање електронски систем што што ќе ги интегрира сите здравствени институции во земјата.

„Да не биде само систем со кој што само ќе се упатуваат пациентите туку да биде вистински електронски систем кој што ќе ги интегрира сите здравствени институции во нашата држава. Веќе започнавме со имплементација на одредени модули во сите јавни здравствени институции да го унифицираме материјалното и финансиското работење, понатаму да имаме увид во сите материјали и лекови кои што се користат во сите институции“- рече министерот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

17.02.2018 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега