Тмурно утро во Македонија, а од понеделник уште едно непријатно изненадување

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје слично време, преку денот претежно облачно. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до девет степени.

Од понеделник следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Температурите дополнително ќе опаднат за уште неколку степени.

 

 

 

18.02.2018 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега