Кахремани за ТВ 21: Африм Гаши е најсериозен кандидат за претседател на Движење Беса

 

Африм Гаши е најсериозен кандидат за претседателското столче на Движење Беса. Ова за ТВ21 го потврдил вршителот на должност – претседател, Неџбедин Кахремани. Во трка се двајца кандидати, но Кахремани го кажа јавно само името на Гаши, кој според него ја има најголемата поддршка од овој табор на Движење Беса.

Движење Беса денеска го одржа првиот конгрес на партијата, на кој што учествуваа над 600 делегати. И покрај внатрепартиските поделби, Кахремани смета дека овој конгрес е целосно легитимен.

Присутен бил и лидерот на ДПА, Мендух Тачи давајќи до знаење дека го поддржува овој табор на Беса. Другиот табор, тој на Биљал Касами, или познат како Тетовски табор постојано тврди дека конгресот на партијата ќе се одржи на 24 февруари дата која според нив е едногласно изгласана од советот на партијата.

 

 

 

18.02.2018 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега