Снег утринава низ Македонија - каде вее во моментов

 

 

Поради појава на магла во Страцин видливоста е намалена од 80 до 100 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвивa без забрани, застои и ограничувања по претежно влажни коловози.

Снег со слаб интензитет врне на Попова Шапка, Стража, Маврово и Македонски Брод, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема.

 

 

 

19.02.2018 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега