Села пристигна на Суд да сведочи за настаните во Собранието
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алјансата за Албанците Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.
Села пристигна во судот каде треба да сведочи и да се соочи со десеттемина обвинети за обид за негово убиство.
Поради промена на судечкиот совет, јавната расправа почнува одново. На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари.
Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа