Османи: Искрена поддршка од Франција во клучните моменти за европските перспективи на Македонија

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Османи се заблагодари на искрената поддршка од страна на Франција за Република Македонија, потенцирајќи ја улогата на Франција, како многу важна земја членка на Унијата, во зацврстувањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан и се осврна на новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година.

- „Стратегијата го валоризираше напредокот што како Влада го постигнавме изминатиов период, но и отвори огромна можност за нашите европски перспективи во периодот што следи, за чии успех очекувам придонес и од г-нот Франсоа Оланд“, изјави Османи.

 

 

 

19.02.2018 - 12:38
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега