Гаши на средби со Села и Тачи, Ахмети, Заев и Мицкоски

Новоизбраниот лидер на скопското крило на Беса, Африм Гаши уште денеска ќе побара средби со лидерите на парламентарните партии за да воспостави директна комуникација со претседателите на партиите.

Како што вели тој за Плусинфо, први се средби со опозициските лидери Зијадин Села на Алијансата за Албанците и Мендух Тачи на ДПА, а по нив Гаши ќе побара средби и со лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети,премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

- Сакаме да го подигнеме нивото на политичка комуникација со лидерите на партиите. Ќе побарам средби со претседателоите на партиите. Партиските лидери и онака комуницираат и се среќаваат задкулисно, ние сметаме дека комуникацијата треба да биде јавна, на отворена сцена. Со тоа ќќе се релаксира политичката сцена и јавниот амбиент, изјави Гаши за Плусинфо.

Доколку и официјално се подели пратеничката група, од скопското крило не  ја отфрлаат можноста за соработка на тројцата пратеници предводени од Гаши со двајцата пратеници на ДПА, лидерот Мендух Тачи и пратеничката Мерал Узаири Ферати во нова пратеничка група. За тоа, велат од скопското крило допрва ќе разговараат.

 

 

 

19.02.2018 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега