Одложено рочиштето за „Насилство во Центар“

Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска е одложено за 5 март.

Причина за одложувањето е тоа што се уште не е готово вештачењето што го побара судот.

Крстев нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин.

Во случајот „Насилство во Центар” обвинети се 14 лица, меѓу нив и поранешниот премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

На претходните рочишта, вината за случувањата пред Општина Центар вo јуни 2013 година, ја признаа четвртиот обвинет, Томислав Лазаров и петтиот обвинет Јордан Ристевски.

 

 

 

19.02.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега