Асоцијација на интернационални водачи: Потребна е експертска анализа за да се утврдат причините за трагедијата на Кајмакчалан

Потребна е експертска анализа и вештачење на постапките  за да се утврдат причините за смртта на младите планинари кои настрадаа на Кајмакчалан. Во извештајот кој беше доставен од страна на Федерацијата на планинарски спортови не можат да се видат детали за самата несреќа туку само хронологија на настаните, што не е доволно за да се дознае што точно се случувало и за каков вид на несреќа станува збор сметаат од Македонската Асоцијација на Интернационални водичи на планина, објави Сител.

Туристичките оператори мора да користат квалификувани водичи на планина со кои посетителите покрај нив ќе се чуствуваат сигурни и безбедни.

Добрите познавачи посочуваат да се направи разлика помеѓу спортска планинарска активност и туристичка активност на планина поради различните стандарди. Инаку Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина има обучени 140 водичи а  во мементов активно членство имаат само 40 .

 

 

 

19.02.2018 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега