Општина Струмица не го оправдува користењето животни во карневалски цели

 По реакцијата на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ во која меѓу другите се повикани и градоначалникот и oпштина Струмица во врска со наводната злоупотреба на жив штрк во маска на големиот Струмички карневал, од општината се оградуваат од каква било вмешаност и вина во конкретниот случај. 

- Градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица беа само генерални покровители на Струмичкиот карневал и не го оправдуваат користењето животни во карневалски цели, стои меѓу другото во реакцијата.

Од општина Струмица истакнуваат дека искрено се надеваат оти овој изолиран случај не ја намалил вредноста на карневалот, кој и во квалитет и во квантитет е еден од најуспешните во своето долгогодишно постоење. 

 

 

 

19.02.2018 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега