ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ доживува фијаско во поглед на странските инвестиции
Владата на СДСМ доживува фијаско во поглед на странските инвестиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека не само што нема прилив на нови, туку има и одлив на инвестиции што го констатираше и Државниот завод за ревизија, додека НБРМ констатираше пат на Странските директни инвестиции за 5 пати помалку споредено со 2016та година.
-Инвестицијата ВИК е донесена во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 2 години се работеше на овој проект на германската компанија, а преговорите ги водеше поранешниот министер Бил Павлевски, со поддршка на поранешниот директор на Агенцијата за технолошко индустриско развојни зони Виктор Мизо. На самиот почеток тие ја разгледуваа понудата на Украина, Романија и Србија, но интензивните контакти и залагањата кои беа во изминатиот неколкугодишен период, како и пакетот поволности кои се понудија од владата на ВМРО-ДПМНЕ вродија со плод и се започна со градба во јуни минатата година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нови инвестиции нема, и владата се фали со оние од ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба нови инвестиции, Владата да престане да ги потценува граѓаните мислеjќи дека имаат кратко помнење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа