Градоначалникот на Радовиш ќе подарува фигаро за коса за 8-ми март
Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов на жените вработени во општинската администрација ќе им подари фигаро за коса за претстојниот празник 8-ми март.
Ова стои и во огласот што го објави Општина Радовиш – оглас за доделување договор за јавна набавка на подароци за Денот на жената, 8-ми март. Според објавата на Бирото за јавни набавки за потребите на Општината, се работи за 45 фигаро-апарати за коса и договор во вредност од 42.300 денари без ДДВ. Критериум за доделување на договор е најниска цена, а електронската аукција ќе се изврши во еден круг во времетраење од еден час. Електронската аукција ќе се изврши со негативно наддавање кое прецизно ќе се наведе во поканата, а ќе се движи од минимум 1% до максимум 10% од вредноста на најниско понудената цена од почетната ранг листа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа