Видео: Струмичани ја продолжија традицијата и заедно ручаа на градскиот плоштад
Стотици струмичани денеска ручаа заедно на градскиот плоштад и на тој начин го одбележаа чист понеделник. Согласно традицијата, исто како и во секое струмичко семејство така и на плоштадот Гоце Делчев главното јадење беше белиот посен грав. Годинава истиот се подготвуваше во голем казан од 3,5 тони. Организацијата на целиот настан траеше десетина дена, а самиот чин на варење повеќе часа, објави Сител.
- После десетина дена подготовки, од изнајмување на казанот па се до денешната реализација на завршува целиот тој процес на организирање на варењето на тој посен грав во општина Струмица . За прв пат оваа година ставивме 200 килограми грав од кои очекуваме да излезат меѓу 2500 и 3000 порции, вели Бранко Младенов - организатор
Зедничкиот ручек го поздрави градоначалникот Коста Јаневски според кого ваквите манифестации симболично значат и обединување на сите граѓани.
- Симболиката на овој голем казан на варење на бел грав како со векови што било од секогаш таа традиција е всушност симболика на обединување на градот во еден заеднички настан. Тоа беше една иницијатива на граѓани и јас и ние како општина ја поддржавме, рече Коста јаневски – градоначалник на општина Струмица
Идејата за заеднички ручек ја поздравија и грашаните. Велат ова е добар начин да се продолжи традицијата на чист понеделник чувана со генерации наназад.
Со одбележувањето на чист понеделник продолжија карневалски свечености кои започнаа мината недела. Вечерва на програмата е фестивалот на афоризам и карикатура, утре се доделуваат наградите за најдобрите маски, а крајот ќе биде означен во среда со празникот Тримери посветен на армасаните девојки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа