Снег ги блокира патиштата во Македонија: Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

 

На превојот Стража се воведува забрана за тешки товарни возила .

Поради врнежи на снег ,на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 20.45 часот, соопштуваат од диспечерскиот центар на ,,Македонија пат “.     

Забрана се воведува и на патниот правец крак Маврово – Дебар за сообраќај на тешки товарни возила од 21.00 часот.                                             

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај с.Сопот поради поголем одрон од 20.55 часот се одвива наизменично со мали прекини поради  чистење на одронот.

На самото место се екипите на ЈП Македонијапат и сообраќајна полиција.

Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

На учесниците им се препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 
 

 

 

19.02.2018 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега