Пратениците утре ќе бираат потпретседатели на Собранието

По пауза од две недели пратениците утре се враќаат во Собрание. Закажани се неколку комсии и две собраниски седници. Доколку се обезбеди кворум ќе се гласа и за потпретседатели на Собранието, а тоа е втора среќа Фросина Ременски,Горан Мисовски и Весел Мемеди да бидат изглaсани за потпретседатели на Собранието. Точката за избор на потпретседатели е прва на дневен ред на утрешната седница.

На дневен ред е и предлогот на пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антонијо Милошоски за објавување на оглас за нова ДИК, како и повеќе ратификации, но и повеќе измени на закони по скратена постапка.

 

 

 

19.02.2018 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега